Кај затвореник од Неготино пронајдена дрога
Објавено на 24 август, 2022 во 13:44
Едно пакување хероин било пронајдено кај дваесет и шест годишниот Ј.Н.Л од Неготино којшто издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа „Затвор Велес“. Дрогата била одземена за понатамошна постапка од страна на полициски службеници од крим полиција при Сектор за внатрешни работи Велес.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден, 23 август, околу 15:30 часот и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева