Кавадарчанец крадел од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на село Ваташа
Објавено на 28 март, 2024 во 09:47
Осумнаесет годишниот Ф.Ј извршил тешка „кражба“ во дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на село Ваташа. Тој одзел повеќе разни предмети и вчера, во 18:50 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес украдените предмети биле пронајдени кај него и веднаш биле вратени на сопственикот.
За случајот бил известен и јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк