И денеска врнежи од снег во подкожувјето
Снежна покривка од 40 – тина сантиметри викендов се формира во подкожувските села. На висорамнината Витачево има снег од 20 тина сантимери. Во текот на денешниот ден имаше нови врнежи од снег во Михајлово, Рожден, Мрежичко и Бојанчиште и има нова покривка од снег.
Според информациите од зимската служба на општина Кавадарци сите патни правци во низинскиот дел е проодно, а исто така расчистени се и патните правци кон селата од Бошавијата.
Денеска механизацијата на фирмата „Јами“ задолжена за зимско одржување на локалните улици и патишта го расчистуваше снегот од патните правци кон Михајлово, Конопиште, Мрежичко.
Иако патните правци се проодни сепак се апелира без поголема потреба да не се патува кон подкожувските села, бидејќи поради ниските температури има појава на голомразица./А.Д