Минатата недела најголем број заболени од грип во Кавадарци

Објавено на 9 февруари, 2016 во 14:42

Најголемиот број заболени од грип во Кавадарци и Росоман од почетокот на сезоната  се регистрирани изминатата недела. Во центарот за јавно здравје Кавадарци матичните лекари пријавиле 187 грипозни лица.

„Вкупниот број оваа сезона достигна 477 болни од грип. Споредено со лани овој период, кога имавме 136 болни, годинава имаме значително повеќе грипозни лица. Вирусот е активен и во наредниот период ќе има зголемување на бројот на заболени.“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од центарот за јавно здравје.

Тој нагласи дека и понатаму сезонскиот грип најмногу ги напаѓа лицата на возраст од 15 до 64 години, а исто така на удар се и децата на возраст од 5 до 14 години./A.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.