Пред кавадарчани претставена студијата за “зелени“ работни места
Во последните неколку децении се’ поизразените климатски промени и проблемите со загадувањето на човековата околина наметнаа ангажмани во светски рамки за заштита на околината и користењето на нови извори на енергија. Развиените држави воведуваат политики за „зелена“ или „чиста“ економија, кои резултираат со потреби за нови квалификации на работниците, профилирајќи таканаречени „зелени“ работни места,беше речено на денешната промоција на студијата за потенцијалите за „зелени“ работни места пред кавадарчани.
Проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот домување реализира активности за вклучување на Република Македонија за следење на овие светски трендови. Една од активностите во таа насока била и изработката на студија за потенцијалите за „зелени“ работни места која се осврнува на прашањата за појасно дефинирање на овој поим, искуствата на развиените земји на овој план и досегашните ангажмани и политики во Република Македонија за воведување на праксата на „зелени“ работни места, особено во областа на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија.
Пред присутните на оваа тема зборуваа проф д-р Пеце Неделковски, автор на студијата, како и претставниците на Хабитат Mакедонија, Лилјана Алчева и Теодора Стефановска.
Заклучок од средбата е дека „Програмите за изолација“ се однесуваат на заштеда-зачувување на енергијата во зградите и објектите,а е како директна последица од се поголемата глобална загриженост со кризата на фосилните горива, глобалното затоплување, климатските промени и како можен начин за излегување од економската криза со штедење енергија.
Една од главните цели на оваа глобална идеја е и создавањето на нови работни места таканаречени „Зелени вработувања“, кои денеска во Европа опфаќаат околу 2,1 милион работници. Целта е преку штедење и производство на еколошка енергија од алтернативните видови, како и нејзино рационално трошење и поголемо зачувување, да се намалат трошоците во домаќинствата и стопанството ос изградба на термо фасади, енергетски ефикасна столарија на врати и прозорци, вградување на високо ефикасни енергетски ЛЕД светилки во сите сегменти, како и производство на енергијата од алтернативни извори.
Градоначалникот Александар Панов, во целост ја прифаќа оваа идеја,а како потврда ги нагласи превземените чекори во неговиот мандат со повеќе градежни и оперативни зафати токму во правец на штедење на енергијата во институциите под надлежност на општината./А.Д