Завршува сезоната за наводнување на земјоделските површини
Објавено на 2 октомври, 2013 во 12:52
Водостопанство Тиквеш Кавадарци, претпријатие што стопанисува со хидромелиоративниот систем „Тиквеш“ оценува дека сезоната за наводнување која завршува поминала успешно, без сериозни проблеми.
Земјоделците имале континуирано вода во каналот за наводнување. Од ХМС „Тиквеш“ се наводнува површина од 8,5 хектари површина.
„Остануваат за наводнување уште многу мали земјоделски површини посадени со градинарски култури како на пример зелка. Главно, сезоната заврши. Сега ги сумираме податоците околу тоа како е реазизиран планот за наводнување и според првичните резултати, можеме да бидеме задоволни“, рече Илија Темелковски, технички директор на Водостопанство „Тиквеш“./А.Д