Кавадарчани мака мачат со кучињата скитници
По едно каснување од куче на секои десет дена се евидентира на хируршкото одделение во кавадаречката болница. Кучињата скитници во овој период ги има многу и слободно си шетаат како по периферијата, така и по центарот на градот.
„Пациентите кои доаѓаат кај нас најчесто се каснати во делот на рацете и нозете.Во најголем дел пациентите лесно поминуваат во лекувањето, но има и случаи кога се добива инфекција на раната па таа тешко зараснува. Таков е случајот со една жена од село на која и беа потребни два месеци лекување“ објаснува началникот на хирургија во Кавадарци, д-р Дано Кулев.
Од општина Кавадарци велат дека овој проблем со кучињата скитници го има секоја општина, но дека проблемот ќе се решава регионално. Општината веќе имала исплатено и отшета на лице кое настарадало од кучешко каснување.
„ Веќе е изготвена и проектна документација за прифатен центар во кој бездомните животни ќе добиваат стручен третман. Не е хумано животните скитници да се убиваат и да се трујат“ велат од локалната самоуправа./А.Д