Изгоре куќа во Ваташа
Пламени јазици ја проголтаа куќата и целата покуќнина на семејството Камчеви од селото Ваташа денеска на пладне.
– Пожарот има избувнато во спалната соба од заборавена електрична греалка. Синовите не се дома, на пат се. Среќа во несреќа е што нема жртви од пламените јазици. Инаку огнот ни изгоре се што печалевме сиве овие години. Точната штета не можам да ја кажам но како што можете и самите да видите таа е огромна. Изгоре мебелот, алиштата, парите што ги имавме, рече сопственикот на куќата, Лазе Камчев.
Кога се појавил пожарот тој бил на работа. Веднаш пристигнал дома откако неговата сопруга го известила дека поради чад неможе да влезе на вториот кат од куќата.
Кавадаречката противпожарна единица интервенираше со две возила и четири пожарникари./А.Д