СДСМ: „Времето на скапи реклами и натпревар на лаги е завршено“
„Никакви реклами ниту пак пропаганди не можат да ја сменат лошата состојба ниту пак можат да не убедат во спротивното бидејќи после се, сите знаеме што гледаме кога ќе го отвориме фриждерот и сите знаеме како успеваме да го крпиме месецот за да опстанеме“
Ова меѓу другото беше речено на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци на која беше најавено дека утре пред кавадарчани потпретседателката на партијата, Радмила Шеќеринска ќе ги претстави решенијата кои ги нуди СДСМ за подобар живот на македонските граѓани.
„Состојбите како во нашата општина така и во нашата држава, не се лесни. Тука не постојат никакви волшебни формули кои преку ноќ ќе направат пресврт, но затоа постојат разумни и домаќински решенија за најгорливите проблеми со кои се соочува секој од нас. Сите ние бараме подобра иднина, бараме перспектива, бараме да се раскрсти со моќниците кои владеат и кои сакаат да контролираат се, економијата, медиумите.. па и нашите животи. Ние немаме дилеми, се бориме за стабилна држава, земја на слободни граѓани и растечка економија. Нашите основни постулати се слободата, еднаквоста и солидарноста, и токму на овие вредности се заснова и Програмата на Социјалдемократскиот сојуз која произлегува од реалните проблеми на кои укажуваат граѓаните“ рече претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев и нагласи дека СДСМ е убедеn дека времето на скапо платени реклами и натпревар на лаги и нереални ветувања завршило./А.Д