Азиското растение Хелда успева и на висорамнината Витачево
Првите површини од азиското растение наречено Хелда кое многу одамна му е познато на светот минатата година опитно беше засадено на висорамнината Витачево и тоа многу успешно.
Сопственикот на површината Златко Темелков во таа пригода изјави дека висорамнината Витачево на надморска висина од 935 метри дава одлични услови за одгледување на оваа многу корисна билка која значително се разликува од другите житни култури.
За нејзина матична земја се смета Индија, каде ја викаат црн ориз но најраспространета како храна е во Русија. Според зборовите на Темелков предноста на хелдата е во тоа што не бара прихранување на почвата, не се третира односно нема заштита и затоа е се попопуларна меѓу приврзаниците на здрава храна. Она што е потребно е само да се набави семенски материјал кој чини 3,5 евра по килогрм. Според искуството на Златко Темелков кој ги посеа првите површини со хелда во Македонија нема проблеми околу пласманот бидејќи цената во зрно изнесува 2 евра за килограм додека килкограм брашно од хелда се продава по 35о денари.
Она што е интересно да се каже за оваа растение е што покрај плодот се користи и лушпата како природен материјал за полнење на перници, додека во делот на пчеларството хелдата спаѓа во групата медоносни растенија кои се сеат во март и април кога температурата на почвата не е под 16 степени и со вегетација од 105 дена се добиваат приносите. Во последно време се наложува како задолжителен производ во менито на вегетаријанците и луѓето кои се залагаат за здрав живот. Хелдата не содржи глутен затоа се препорачува за многу диети, исклучително е богата со проетеини, аминокиселини и витамини од групата Б, А. ПП, калциум , фосфор, бор , цинк, магнезиум, органски киселини и пектин. Всушност долга е листата на корисните својства на оваа житарица речиси непозната кај нас.
Со успехот на првите производни површини со хелда само потсетуваме дека тука кај нас има можности за производство на нови култури кои не ја загадуваат почвата а можат да донесат добра заработувачка за земјоделецот.