Летните одмори започнаа,внимавајте на својот имот!
Со стартот на летната сезона се зголемува и бројот на граѓани кои заминуваат на годишен одмор и го остваат домот празен подолег период. Таква е ситуацијата и со домовите на фамилиите кој егзистираат од земјоделство, па овој период подолго време се на нива, а многу не водат грижа ниту за парите кои кеш ги добиваат од продажбата на земјоделските производи и ги оставаат дома не заштитени.
За таа цел денеска со апел за поголемо внимание се огласи кавадаречката полиција, одделението за превенција. Од таму велат, не дозволувајте да бидете жртва на провална кражба и ова лето заедно да се обидеме да ги заприме кражбите.
„Во текот на летениот период ќе се превземаат превентивни активности во насока на заштита на граѓаните и нивниот имот. Ќе се дистрибуираат брошури до сите туристички агенции во Кавадарци кои нудат аранжмани за летување. Истите содржат корисни информации за заштита на домот.“ рекоа инспектротире по превенција од полициска станица Кавадарци.
Тие информираа дека за заштита на сопствените имоти ќе се едуцираат и жителите на општина Росоман.
„Вградета сигурносна влезна врата, инвестирајте во заштитни и двојни прозорци, инсталирајте светла и осветлување кое ноќе се вклучува автоматски, направете список на вредни предмети кој ги поседувате и истите одбележете ги, не оставајте неосветлена куќа ноќе и никогаш не чувајте кеш пари дома“, советува Полицијата за безбеден дом и убаво поминато лето без кражби и провали./A.Д