Започна втората винска регата
Со дегустација на вина од винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци денеска тргна втората Тиквешка винска регата. Денеска и утре ќе се плови со кајаци и чамци по Црна Река и Вардар, а ќе се дегустира и вино низ винариите и манастирите во регионот. Ова е само еден начин за промоција на тиквешкото вино и винскиот туризам , објаснува организаторот, здружението на граѓани „Винотек“.
Се тргнува од железниот мост на реката Црна кај селото Возарци. Учесниците во регатата кои ќе пловат со чамци ќе се приклучат од ј вливот на реката во Вардар кај Градско.Потоа во план е да се разгледа археолошкиот локалитет Стоби. Се продолжува до манастирот Свети Ѓорѓи кај Неготино, а потоа ќе се дегустираат вината на винаријата „Повардарие“. Првиот ден од регатата ќе заврши со вечера во неготинскиот манастир.
Вториот ден учесниците во регатата го започнуваат со дегустација на вина од винаријата „Бовин“Потоа ќе пловат до мостот на Вардар кај селото Корешница кај Демир Капија.Дружењето ќе заврши во Демир Капија. Ќе се дегустираат и вината на најстарата визба во Македонија.
„Во регатата учествуваат велешките гемиџии, иаме гости од Бугарија, професионални кајакари, планинари, ентузијасти, професори по физичко воспитување. Пловењето да помине во најдобар ред и Вардар да биде доволно пловен ќе се погрижат и хидроцентралите Козјак и Тиквеш преку ЕЛЕМ и ТЕЦ Неготино“ рече директорот на единствената винска регата во земјава, Панче Арсовски./A.Д