Крводарителска акција во чест на загинатиот полицаец Коста Волкановски
Во чест на Коста Волкановски, полициски службеник кој загина во воените дејствија во 2001 година денеска се спрроведе четвртата крводарителска акција. Крв даруваа голем број негови колеги како и други заинтересирани граѓани од Неготино и од други градови. Тие со својот гест придонесуваат за спасување на човечки живот.
Во денешната акција беа реализирани педесетина крводарувања, што е релативно висок број за овој период.
Акцијата беше во организација на полицискиот синдикат при Полициска станица Неготино во соработка со Црвениот Крст, а крводарувањето се спроведе во општинската сала во Неготино.
Во рамки на одбележувањето на 13 годишнината од загинувањето на Волкановски, покрај традиционалната крводарителска акција, во среда на спомен бистата пред полициската станица во Неготино ќе се положи свежо цвеќе а подоцна ќе се одржи и осмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „ Косте Волкановски“ на кој ќе учествуваат осум екипи од полициските станици во Неготино, Кавадарци и Велес, припадници на АРМ, Регионален граничен центар Југ- Кавадрци, екипа на општина Неготино, Резервен состав на полициска станица Неготино како и екипа на град Неготино ./А.Д