Кавадаречките средни училишта задоволни од бројот на нови средношколци
Средните училишта во Кавадарци годинава на првиот уписен рок за нови средношколци се задоволни од бројот на ученици. Директорите на училиштата велат дека споредбено со лани, иако годинава бројот на завршени осмооделенци е помал, уписот вчера поминал подобро од претходната уписна година.
„И годинава има интерес за изучување средно образование во Гимназијата „Добри Даскалов“ рече директорката Невенка Попангелова.
Во вчерашниот ден за гимназиско образование, правна и економска струка се пријавиле вкупно 223 ученици. Зависно од нивниот успех ќе бидат избрани оние кој ќе се образуваат во ова училиште.
Позадоволни годинава се и од СОЗШУ „Ѓорче Петров“. Директорката Божанка Минова за рече дека првичните реазултати од уписот се далеку подобри од претходната година. Потенцира дека вчера идните средношколци кој поднеле пријава во училиштето покажале интерес речиси за сите насоки, а ваков интерес Минова очекува и во престојните уписни рокови.
Поголем број на ученици на првиот ден од првиот уписен рок се запишале и во СОУ „Ќиро Спанџов Брко“.
„Вкупно 106 ученици вчера со својата пријава покажаа интерес за изучување на машинска и електро струка. Со оглед на бројката на завршени осмооделенци овој број е одличен за почеток, а исполнување на местата очекуваме со следните уписни рокови“ рече директорот на овој средношколски училиштен центар.
Уписот во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци започнува утре. Директорката Трајанка Толева информира дека 6 ученици уште вчера ги доставиле потребните документи за упис за престој во ученичкиот дом. Толева вели дека со оглед на тоа дека станува збор за ученици кои доаѓаат од страна, вакви пречекорувања се одобрени, се со цел истите да не се изложуваат на дополнителен трошок.
Со почетокот и крајот на уписот во домот очекуваме годинава нови 20 ученици. Презадоволни сме што на почетокот за прв пат домот бележи и упис на ученици од градови кои до сега ги нема во статистиката на „Крсте Петков Мисирков“ како што се Кочани и Радовиш“ рече Толева./А.Д