Годинава јубилеен „Тиквешки гроздобер“
Стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи во почетокот на септември. Пети, шест и седми септември се деновите во кои ќе се чествува грозјето и виното во Кавадарци, а денеска органзиаторот ја откри ѕвездата на годинашниот гроздобер. Жељко Јоксимовиќ ќе биде задолжен за забава на кавадарчани но и на бројните гости од Македонија и странство кои ќе дојдат на почеток на берба на грозјето во Кавадарци.
Останатите учесници и музички имиња организациониот одбор дополнително ќе ги соопшти. Годинава „Тиквешки гроздобер“ се одржува по педесети пат. За прв пат манифестацијата е оджана во 1964 година. Следеа повремени, прекини и повторно возобовување на симболичниот почеток на бербата на грозје.
Годинава Организациониот одбор најавува интересни содржини за време на гроздоберот, поразлични од минатите години, но поатрактивни за гостите. Главна атракција е винскиот карневал, ќе има избор на крал и кралица на гроздоберот, боемски вински фестивал, дефиле на моторџии, симболично откинување на првиот грозд./А.Д
