ЕКО АКЦИЈА: Се чистеа диви депонии, се собираа и пластични шишиња

Објавено на 18 октомври, 2014 во 11:48

Екипи на комуналното претпријатие во Кавадарци, ученици и граѓани се вклучија во националната акција за чиста животна средина „Ајде Македонија“ за расчистување на дивите депонии која се реализира денеска.

Во Кавадарци механизацијата и вработените  на ЈП Комуналец работеа на расчистување на дивата депонија која беше создадена на влезот во Кавадарци веднаш под градските гробишта. Исто така се расчистуваа и дивите депонии во Марена и Дреново.

Отпадот кој денеска го собраа  учениците во ООУ „Гоце Делчев“ќе биде селектиран во контењерите за таа намена, кои училиштето ги има веќе подолг период. Ќе се селектира хартијата, пластиката и стаклото, а потоа овој отпад ќе оди на рециклажа.За целиот к процес на рециклирање и значењето на чистата животна средината преку интерактивно предавање учениците учеа со помош на презентацијата реализирана во холот на училиштето.

Повеќе од вредни денеска беа и учениците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци.  И таму за успешна се оцени  акцијата. Се селектираше собраниот отпад. Основците од ова училиште наполнија неколку тракторски приколици претежно со пастични шишиња кој велат ќе заминат на рециклирање

Акцијата „Македонија без отпад 2014“ се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.