Предпразнично, синдикатот и менаџерите во Фени потпишаа нов Колективен договор
Прeд празникот на трудот, 1ви Мај, менаџментот на „Фени индусти“ и синдикалната организација го потпишаа третиот по ред Колективен договор, со кој се доуредуваат правата и обврските на работодавачот и вработените.
Договорот го потпишаа генералниот извршен директор на Фени Индустри, Константинос Даскалакис и претседателот на синдикалната организација на ФЕНИ, Илија Хаџи-Николов.
По овој повод, Директорот Даскалакис истакна дека како и досега, ФЕНИ не само што во целост ги почитува работничките права, туку секогаш оди чекор понатаму односно работи на нивно унапредување.
Менаџментот од работниците ја очекува истата посветеност кон работата, односно секогаш да ги извршуваат своите задачи коректно, професионално и со висок степен на интегритет. Уште посака како и во минатото, секое прашање да се решава со добра волја на двете страни, која е всушност вистинскиот рецепт за градење релации на разбирање и подршка./А.Д