Повредена продавачка во Кавадарци – одземени пари од прометот

Објавено на 12 ноември, 2020 во 11:10

policija kavadarci

12.11.2020

Продавачка во кавадаречка продавница синоќа била нападната со нож. Напаѓачот и одзел пари од дневниот промет  и побегнал – потврдија од МВР.

Од брзата помош во Кавадарци потврдија дека девојката побарала лекарска помош.

„Девојката имаше повреда на ушната школка, посекотина од два сантиметри“ рече д-р Ратко Грков.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Aнгел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.