Шеќеринска: „Државата е зрела за промени“
СДСМ денеска е во Кавадарци на средба со граѓаните. Вечерва на трибина ќе ги претстави мерките од програмата со која ветува враќање на средната класа.
Во моментов, потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска е на средба со кавадарчани во центарот на градот.
„Држава во која херој е Орбан, а не Мандела, држава во која во еден ден се блокираат 6 илјади фирми, а власта смета дека криминал од 8 милиони евра за само 11 споменици е ситница, држава во која новинари се апсат и чуваат во притвор, а градоначлалници кои шверцувале ловечка муниција си одат слободни и никој не се возбудува. Таква држава е зрела за промени. И програмтаа на СДСМ токму тоа го нуди, приомени“ рече денеска во изјава за медиумите Шеќеринска.
Таа нагласи дека насекаде во Македонија мерките кои ги промовираат се широко прифатени од граѓаните, поради што власта станала нервозна.
„Само во октомври на име ДДВ собрани се 3,5 милијарди денари. Тоа значи дека доколку мерката на СДСМ, за враќање на ДДВ на граѓаните е на сила, секое македонско семејство би можело да смета на околу просечно 20 евра, што за само еден месец би се вратиле во нивниот буџет. Граѓаните од цела република ни велат дека е многу подобро нашето решение, отколку да собирале сметки и да чекале лото решенија. Затоа денеска сме во Кавадарци да зборуваме за мерките за земјоделието, еконокијата и социјалната политика. Нашите мерки наидуваат на многу позитивен прием и на тоа се должи оваа нова реакција на владата која одново со дрва и камења се сврти кон сите нас од опозицијата. Ние немаме алтернатива, Македонија бара промени“ рече Шеќеринска.
Трибината ќе се одржи вечерва во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ со почеток од 19 часот./ А.Д