„Кав`даречки весник“ одбележа пет години јубилеј
Со издавањето на стотиот број општинското јавно гласило „Кав`даречки весник“ вчера одбележа јубилеј, пет години од возобновувањето.
Некогаш главниот пишан медиум во Кавадарци, своето возобновување го имаше на 11 јуни 2009 година, со тоа се врати традицијата на овој печатен медиум. Од тогаш до денеска секоја втора недела без прекин весникот е достапен во трафиките низ градот.
Во досегашните 100 броја главна девиза на весникот беше „регистрира-не коментира“. Уредникот на овој медиум Димитар Мурџев вели дека и во наредниот период весникот ќе ја продолжи ова пракса со цел читателите да не бидат во подредена улога.
Во весникот се содржани информации од работењето на локалната самоуправа, политичкиот живот во општината, се третираат теми од образованието, културата и спортот./А.Д