Адеми: „Фени ги привршува обврските од еколошката дозвола“
Загадува ли Фени или не, е прашањето кое подолго време се провлекува меѓу кавадарчани.
Неодамна екологистите и претседателката на Советот на општината Горица Пеливанова-Вилхелм обвинуваа дека Фени ги труе кавадарчани.
Денеска од „Фени“ одговорија дека само за екологија инвестирале 12 милиони евра, а до крајот на исполнувањето на еколошките обврски ќе ја заокружеле еколошката инвестиција со уште 3 милиони евра.
Од кажаното беше задоволен министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.
„Бевме информирани дека до крајот на март, почетокот на април ќе се ипмлементираат уште двете останати обврски. Тие се меѓу најбитните за нас. Тоа се филтри кои ќе ги зафатат гасовите од електро печките“ рече министерот Адеми. Тој додаде дека Фени имплеменитрал 17 од вкупно 19 обврски пропишани во екоолошката дозвола за работа.
Министерот денеска го посети кавадаречкиот комбинат каде што менаџерскиот тим дискутираа за резултатите од континуираните мерења што ги вршеле акредитирани лаборатории, а редовно ги контролирало надлежното министерство и инспекциските служби. Според нив „Фени“ работел целосно согласно законските прописи.