Општина Кавадарци парично ги награди пожарникарите кои беа во сапсувачка мисија во Турција
Објавено на 9 март, 2023 во 12:46

По 30.000 денари денеска ќе легнат на сметките на деветмина пожарникари од ТППЕ Кавадарци, кои беа вклучени во спасувачка мисија по катастрофалниот земјотрес. Паричната награда се исплаќа по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот, д-р Стојанчо Рамов, а за истата позитивна одлука донесе советот на последната седница.
„Момци уште еднаш ви благодариме за вашиот труд и пожртвуваност, што достојно ја претставивте нашата општина и вредностите на солидарност и хуманост, постапувајќи со професионализам помагајќи на нашите пријателски народи кога е тоа најпотребно“ им порачаа на пожарникарите од општина Кавадарци.
Ангел Данов
