Петардите не се играчки за деца, тие можат да повредат!
Со наближувањето на новогодишните празници зачестија пукотниците од петарди. Низ улиците на Кавадарци и преку и ден и во вечерните часови ечат пукотници на сите страни.
Децата се тие кои го го реметат јавниот ред и мир и „уживаат“ во играта со барутни полнења. Иако пукањењето го слушаат и нивните родители, по се изгледа не им кажуваат за штетните последици со кои можат да се соочат. Сигурно не ги прашуваат своите деца дали парите дадени за појадок на училиште ги трошат за вистинската намена или пак за да купат „под рака“ некоја педарда.
Полицијата и годинава започна со превентивни активности со цел да влијае на свеста на најмладите да не си играат со опасни играчки кои можат да повредат или некое дете да го направат инвалид. Мотото на кампањата е „Среќна и безбедна 2014“ година. Инспекторите за превенција од кавадаречката полиција очекуваат дека дочекот на најлудата ноќ ќе помине без петарди, оружје, без насилство.
Од утре тие излегуваат на терен. Ќе ги посетат училиштата во градот за да ги едуцираат учениците за последиците со кои можат да се соочат доколку
„забавата“ ја пронашле во петардите.
„Одделението за превенција упорно ќе цели со кампањата да допре до сите, а најмногу до родителите, со цел семејно и пријателско дружење, и фокус кон што побезбедно минување на престојните новогодишни и божикни празници“ рече инспекторот Димитар Каракулев.
Одделот за превенција при полициската станица во Кавадарци, денеска се сретна и со уличните продавачи на новогодишни украси и подароци, на кои им беа укажани одредбите од законот и глобите кој ќе им бидат иречени доколу работат спротивно на истиот и продаваат пиротехнички средства
Од 200 до 500 евра се казните почнувајќи од неовластено пукање со оружје, употреба на пиротехнички средства, нарушување на редот и мирот или без одобрение набавка на експлозивни материи .
Од полицијата велат дека важно е да им се напомене на родителите дека над 150.000 луѓе во светот годишно остануваат инвалиди поради неправилна употреба на пиротехнички средства, а од нив околу 80 % се деца. Во Македонија статистиката покажува бројка во просек по 10 деца повредени секоја година за време на новогодишната ноќ./A.Д