Во Кавадарци недостигаат повеќе стручни профили за работа (видео)

Општина Кавадарци почнувајќи од следната учебна година ќе го реализира процесот на уписната политика во средно образование согласно потребите на пазарот на трудот и ќе ги продолжи активностите на кампањата „Учи паметно работи стручно“.

Денеска во општинската сала се одржа работна средба со компании, директори на средни училишта и претставници од Агенцијата за вработување на која се разговараше околу реалната потреба од стручен кадар кој ќе го продуцираат кавадаречките средни училишта. Беше нагласено дека голем е недостигот на работна сила од повеќе профили. Недостигаат бравари, металуршки техничари, електричари, медицински лица…, но и наставен кадар по повеќе предмети.
Во моментов во Центарот за вработување Кавадарци има евидентирано 1600 активни баратели на работа.
Ангел Данов
