Запалено возило на кавадарчанец
Објавено на 9 декември, 2013 во 11:51
Непознат сторител минатата ноќ подметнал пожар во возилото марка „Опел фронтера“ во спственост на 36 годишниот С.С од Кавадарци.
Возилото било паркирано на улицата „7 ми април“. Пламените јазици целосно го оштетиле внатрешниот и надворешниот дел од возилотои двете задни гуми.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.