Кавадаречките полицајци привеле тројца мажи барани по потерница за издржување затворска казна

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден биле приведени тројца мажи барани по потерница за издржување на затворска казна.
Првиот маж, 33 годишниот А.Ј од село Војашанци, неготинско, бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување мерка притвор. Полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, во 09:30 часот го привеле во село Марена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Час и половина подоцна, полициските службеници од ОВР Кавадарци го привеле и 29 годишниот кавадарчанец Е.Ц кој исто така бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна кој бил спроведен во Казнено – поправната установа затвор Гевгелија за издржување на казната.
Полициските службеници од ОВР Кавадарци, во 18:30 часот, го привеле и 27 годишниот кавадарчанец А.О кој исто така бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија каде е и спроведен за издржување на казната.
Дума.мк
