Криумчарот лишен од слобода, мигрантите сместени во Прифатно транзитен центар

Полициски службеници на СВР Велес утрово го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти, од кои шест од Сирија и четири од Конго. Нив полицијата ги открила на крстосницата кај село Водоврати, општина Градско.
„Имено, околу 08.00 на автопатот Неготино – Велес лишениот од слобода возач не застанал на даден знак од полициски службеници, но набргу кај клучка Градско возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати возилото било запрено, а тој бил приведен, соопштија од СВР Велес.
Криумчарот на мигранти бил задржан во полициска станица додека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска
