Малолетна велосипедистка се здобила со скршеница при сообраќајна незгода во село Горно Оризари
Со скршеница на рачен зглоб се здобила малолетничка од село Горно Оризари, вчера, на 2 април, при сообраќајна незгода во селото. Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес, во 16:00 часот било пријавено дека на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ во село Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од малолетничка од селото и патничко возило „шкода“ управувано од четириесет и осум годишниот С.Б исто од селото.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Портпаролката на Општа болница Велес, Марина Андова, потврди дека во болницата била донесена малолетничка од село Горно Оризари.
-Да, донесена е малолетничка од Горно Оризари кратко по 16:00 часот. Дадена и е итна лекарска помош и упатена е на понатамошен преглед на Оддел за радиодијагностика, каде е констатирана скршеница на рачен зглоб, додаде Андова.
Малолетничката по укажаната лекарска помош од страна на хирург била пуштена на домашно лекување.
Дума.мк