Маж од Горно Јаболчиште слушнал пукање на стакло во домот, полицијата пронашла оловно зрно од муниција
Објавено на 31 мај, 2024 во 11:57
Педесет и едно годишниот С.Л од Село Горно Јаболчиште, вчера, во 14:30 часот во Полициско одделение Чашка пријавил дека додека бил во неговиот дом слушнал пукање на стакло по што видел дека на рамката од прозорот има дупка.
Од Сектор за внатрешни работи Велес известуваат дека при вршење на увид од страна на увидна екипа од секторот во рамката од прозорецот било пронајдено и одземено оловно зрно од муниција.
Дума.мк