Се почитуваат ли човековите права во Неготино!
Млади Неготинци едуцираа постари сограѓани.
Младинци од Неготино,членови на Центарот за регионален оддржлив развој деновиве ја преземаа улогата да бидат едукатори на своите сограѓани. Се користеше секоја можност во секој дел од градот, на градскиот пазар, на плоштадот,во старата чаршија и други атрактивни локации низ градот, да се остварат што повеќе контакти со граѓани од најразлични возрасти. Младинците ги запираа повозрасните граѓани и ги едуцираа за човековите права. Ги прашуваа со кои проблеми се соочуваат и им делеа совети како да се заштитат во необични ситуации.
„Направи чекор, сознај ги своите права“ е акција која има за цел промоција и актуелизирање на човековите права особено во делот на заштитата.
Проектот ќе заврши на 26-ти овој месец, во големата сала на општината, каде на трибина градоначалникот на Неготино, членовите на Советот и претставници на политичките партии ќе ги слушнат искуствата на граѓаните. Ќе се дебатира за најчестите повреди на човечките права во градот.
Проектот го поддржа Младински Образовен Форум – МОФ.
