Во Неготино приведен скопјанец осуден на речиси седум години затвор
Објавено: 18 ноември, 2020, во 19:17 часот
18.11.2020
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги денеска во 12:50 часот на улицата „Јане Сандански“ во Неготино го приведоа Ј.Н. (38) од Скопје кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување казна затвор од шест години и девет месеци.
Како што информираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа.

Мите Јаначков


