Нови 12 ученици на ССОУ „Димитрија Чуповски“ за прв пат крводарители

Објавено на 5 март, 2024 во 14:41

Вкупно 17 крвни единици беа собрани на денешната крводарителска акција спроведена во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“.

Од велешки Црвен крст велат дека посебно ги радува тоа што на оваа крводарителска акција вкупно 12 ученици за прв пат дарувале крв и станале дел од најголемото хумано семејство.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, заедно со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.