ООУ „Блаже Конески“ трети на државно ниво во акција за собирање на пластичен отпад

Објавено на 15 ноември, 2021 во 11:12

Од 27 септември до 25 октомври, годинава, учениците на Основно општинско училиште „Блаже Конески“ собраа 584 кг. пластичен отпад со што се трето пласирани, во конкуренција на 70 училишта во државата, во акција што ја организираше банка под мотото „Да ја сочуваме нашата планета“. Освоената трета награда беше парична и изнесува 1000 евра.

Остварени резултати од акцијата за собирање на пластичен отпад во рамките на „Месецот на штедење“ на банка

Со ова велешкото училиште „Блаже Конески“ ја потврди високата еколошка свест како на учениците така и на вработените за што директорот Јованче Манасков упати честитка до учениците, до вработените и родителите.

-Ваквите постигнувања посакувам да бидат дел од нашето секојдневие затоа што ние сакаме, можеме, успеваме, додаде Манасков.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.