Општина Велес субвенционира набавка на инвертер клима и сончев термален колектор
Граѓаните коишто ќе купат инвертер клима во период од 11 јули до 8 август или пак сончев термален колектор до 9 август дел од трошоците ќе им бидат субвенционирани од страна на Општина Велес. За овие повици за субвенции, вклучувајќи го и третиот за набавка на велосипед, локалната самоуправа ги објавува петта година по ред за што обезбедува 500 илјади денари кои во целост се искористуваат од страна на граѓаните кои аплицираат за добивање на субвенции.
За купување на инвертер клима ќе бидат субвенционирани трошоците направени во висина од 30% од вредноста но не повеќе од 15.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход. Додека за набавка на сончев термален колектор ќе бидат субвенционирани трошоци од 50% од вредноста но не повеќе од 20.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавните повици ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“. Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на велосипед имаат физички лица кои се жители на Општина Велес и кои ги исполнуваат условите од точката 3 од јавниот повик.
Повеќе информации околу правото на учество, условите коишто треба да се исполнуваат како и доставувањето на документите можете да ги прочитате на линковите објавен на веб страната на Општина Велес,
Линк од јавен повик за субвенции за купување на инвертер клима
Линк од јавен повик за субвенционии за купување сончев термален колектор
Дума.мк пишуваше и за јавниот повик за субвенции за купување на велосипед, сите информации можете да ги прочитате – тука.
Стефани Манева