Откриен мртов маж во куќа во Кавадарци
Седумдесет годишен кавадарчанец И.М со видливи изгореници на телото бил пронајден мртов во неговата куќа. Полициски службеници во координација со пожарникари од Територијалната против пожарна единица Кавадарци успеале да ја отворат вратата којашто била заклучена и го пронашле телото на И.М додека од Итна медицинска помош ја констатирале смртта.
Ристе Самарџиев портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес информира дека по наредба на Јавен обвинител од Кавадарци телото е предадено на обдукција на Институт за Судска Медицина – Скопје.
Инаку случајот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци го пријавил четириесет и девет годишниот М.М вчера, околу 10:30 часот поради непријатен мирис којшто се ширел од соседната куќа поточно од куќата во којашто живеел неговиот чичко И.М.
Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева