Отворен ден на ССОУ„Коле Неделковски“, голем број деветооделенци се запознаа со образовните профили (фото и видео)

Ученици од основни училишта во Велес, во Градско и во Чашка беа гости на средното стручно училиште кое заедно со компаниите партнери на Дуалните паралелки се презентираа во спортската сала.



За деветооделенците по обиколката на 12 штандови и запознавањето со предностите кои ги нуди овој вид на образование од страна на компаниите влезните врати на кабинетите им ги отворија и професорите. Сите подеднакво ги презентираа стручните предмети кои ги предаваат во училиштето а потоа разговараа со деветооделенците и одговараа на поставените прашања.


Ова е традиционална манифестација „Отворен ден“ што секоја година ССОУ„Коле Неделковски“ ја реализира во месец мај.
Претставникот на Делегацијата на германското стопанство, Дејан Чуповски пренесе ставови дека како воведувачи и поддржувачи на дуалните паралелки од 2018 година задоволни се како нивната образовна програма има голем одзив кај учениците. На есен ќе биде запишана шестата генерација на ученици во Македонија и петата во Велес.
На денешниот „Отворен ден“ пред деветооделенците детално ги презентиравме четирите стуки во училиштето рече директорката Весна Стојанова Богоевска.
За Чуповски, плод на соработката со ССОУ„Коле Неделковски“ се учениците, кои со стекнатите знаења и практична работа се подготвени веднаш да се вработат во компаниите. Меѓу нив има и млад велешки генијалец.
Голем беше бројот на деветооделенци кои денеска го посетија ова средно стручно училиште. Поголем број од нив изјавија дека токму во него ќе го продолжат образованието а дел ги откриваа и струките во кои планираат да се запишат.
Убавка Јаневска
