Почина маж во велешка болница позитивен на Ковид-19

Објавено на 22 февруари, 2022 во 12:40

Пациентот бил на осумдесет и две годишна возраст од село Чашка со ковид пневмониа и коморбидитети.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 33 ковид пациенти од кои 26 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа на болничко лекување примен е еден пациент и четворица пациенти се преместени од Интерно Б одделение на Физикална – ковид одделението.

-На Инфективно одделение се лекуваат 15 пациенти, на Интерно Б одделение пет и на Физикална – ковид одделение 13 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 14 пациенти.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.