Почина маж во велешка болница позитивен на Ковид-19
Пациентот е на осумдесет годишна возраст, позитиве на коронавирусот и лекуван во Модуларна болница.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 43 ковид пациенти од кои 30 позитивни, тројца пациенти сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од негативните пациенти четворица се лекуваат на Инфективно одделение, двајца во Модуларна болница и тројца пациенти на Интерно одделение, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 23 ковид пациенти, на Интерно одделение шест и во Модуларна болница четиринаесет пациенти.
Во текот на денот примен е еден пациент на Инфективно одделение во велешката болница.
Стефани Манева