Почина Ристе Гиовски, помеѓу велешани познат како дресерот на кучиња
На педесет и четири годишна возраст, утрово, на Инфективно одделение во велешка болница, почина Ристе Гиовски, помеѓу велешани познат како сопственик на стационарот за кучиња „Гиовски тим“. Гиовски подолго време се бореше со тешка болест, но најверојатно почина како последица од Ковид-19, бидејќи пред неколку дена на социјалната мрежа фејсбук објави статус во којшто напиша дека се заразил со коронавирусот и дека е хоспитализиран во велешката болница.
Ристе Гиовски се здоби со светска слава како дресер на шарпланинката Стела, главниот лик во истоимениот филм кој собра бројни филмски награди и признанија. Тој исто така, беше познат како најдобар дресер на кучиња во регионот и по тоа што во својот стационар „Гиовски тим“ имаше вдомено и згрижено огромен број бездомни кучиња.
Гиовски играше футсал и во последно време беше тренер во овој спорт.
Тимот на Дума.мк изразува сочувство до неговото семејство.
Нека му е вечна слава.