Починат маж пронајден во домот
Објавено: 18 април, 2025, во 11:41 часот
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера утро, во 09:20 часот било пријавено дека во домот во Кавадарци бил пронајден починат П.Н.(76) од Кавадарци.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


