Полицијата бркаше и фати возач криумчар и мигранти кај Криволак
Од полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово, вчера вечер, 2 март, околу 21:20 часот кај Криволак, го лишеле од Б.Г.(47) од село Волково, скопско откако во неговото патничко возило марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, откриле шест мигранти од кои три од Пакистан, два од Сирија и еден од Египет.
На лишувањето од слобода му претходело запирање на возилото кое полицијата го забелажало на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, а возачот Б.Г не застанал на даден знак за запирање.
Б.Г продолжил да вози се до Криволак кога и тој и мигрантите се дале во бегство но полицијата успеала да ги фати.
Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. СВР Велес известил Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против Б.Г ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева