Полицијата, по полноќ, затекнала малолетници со алкохолни пијалоци во угостителски објект, ќе следат санкции за фирмата и сопственикот
Објавено на 30 ноември, 2024 во 14:48
Полициски службеници на СВР Велес при контрола на угостителски објект во Велес, ноќеска 20 минути по полноќ, затекнале две малолетни лица послужени со алкохол.
-Угостителскиот објект ги прекршил законите и сторил кривични дела „точење алкохол на малолетни лица“ предвидено по член 204 од Казнен Законик и прекршок по член 21 од Закон за прекршоци против јавен ред и мир. Малолетните лица се предадени на нивните родители а по документирање на случајот против М.Н. (58), сопственик на објектот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк