Пожар пеплосал плац со градежни материјали во Кавадарци
Објавено на 3 февруари, 2024 во 10:12
Во ОВР Кавадарци, вчера, во 14: 40 часот било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци настанал пожар на плац при што била опожарена сува трева. Пожарот се проширил во соседниот плац за градежни материјали, сопственост на Б.П. од Кавадарци.
Во пожарот изгореле делови од товарни возила – влекачи, работни машини и градежен материјал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Карадарци.
Убавка Јаневска