Пожар во Горно Јаболчиште пеплоса плевна, штала, зафати и дел од семејна куќа но и бандери со електрични кабли

Објавено на 15 април, 2024 во 12:37
Фото: Архива

Пелосаните плевна или штала била во сопственост на четириесет и две годишниот К.Л. од Горно Јаболчиште. Пожарот ги изгорел балите со сено и сточната храна за потоа да се прошири врз возило, бандера со електрични кабли, сопственост на ЕВН, како и куќа во сопственост на С.Д. Нема повредени лица.

Пожарот избил, вчера, околу пладне додека во 12:30 часот веќе бил евидентиран во СВР Велес. Во гаснењето се вклучила екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Пожарникарите го изгаснале огнот. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.