Приведен дрвокрадец во општина Чашка
Објавено: 19 август, 2023, во 10:19 часот
Во атар на село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Чашка го привеле Џ.М. (41) од село Мелница, кој бил затекнат додека на трактор со приколка превезувал дабови огревни дрва кои не биле бележани со жиг и немал документација за нив.
„Дрвата и тракторот се одземени, вчера, 18 август. По документирање на случајот против Џ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


