Приведен кавадарчанец, украл пари и лични документи од автомобил
Објавено на 5 септември, 2022 во 10:32
Дваесет и седум годишниот В.П се сомничи дека на улица „Илинденска“ во Кавадарци од патничко возило „мерцедес“ украл пари и лични документи. Возилото било во сопственост на четириесет и три годишниот А.Д од Кавадарци.
Лицето било приведено од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 04:15 часот. Оттаму информираат дека дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот ќе биле поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева