Приведен малолетен криумчар на мигранти кај Неготино
Во близина на клучка Неготино, на автопатот А1, Неготино – Градско, вчера, во 20:00 часот, полициски службеници од Мобилна единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност, лишеле од слобода малолетник од село Студеничани, скопско.
-При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, соопштуваат од МВР.
Оттаму додаваат дека пет минути подоцна, на автопатот А1, во близина на локалитет „Стоби“, друг тим на Мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш., двајцата од Скопје.
-Тие се сомничат дека со патничко возило „фолксваген голф “ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото „фиат“ во кое се превезувале мигранти, додаваат од МВР.
Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк