Приведен Светиниколец кој извршил 10 кражби во еден ден
Објавено на 12 март, 2024 во 10:50
Четириесет и едно годишниот В.Б од Свети Николе десете тешки кражби ги извршил во еден ден, на 10 март, годинава. Крадецот украл се што можел да понесе со себе од десет продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе. Во пленот имало и пари.
Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип се посомневале дека можен сторител на кражбите бил В.Б кого го лишиле од слобода. Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Дума.мк