Приведен велешанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници
Објавено на 22 мај, 2024 во 12:01
Шеесет и четири годишниот П.С од Велес, вчера, во 18:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Како што соопштуваат во дневниот билтен велешанецот бил приведен бидејќи агресивно се однесувал кон полициските слуѓбеници кои извршувале службени дејствија и и се заканувал на педесет годишната Б.И од Велес.
Од СВР Велес додаваат дека за настанот известен е јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк