Приведени двајца велешани, пронајдена марихуана
Објавено: 22 февруари, 2022, во 14:27 часот
Полициски службеници од Полициска станица Велес ги лишиле од слобода Д.Ј и Л.Т двајцата на дваесет и осум годишна возраст од Велес. При контрола кај Л.Т била пронајдена и одземена марихуана, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветeн поднесок.



